КАРАКТЕРИСТИКИ
KATANGA TRIPLO е комбиниран фунгицид за сузбивање на пламеница во форма на
водорастворлив прав на база на три активни материи.
Fosetyl – al е системичен фунгицид со превентивно и куративно дејство. Делува на начин
што го инхибира ’ртењето на спорите, го блокира развојот на мицелиумот и спорулацијата. Таа има двојно дејство – делува директно на сузбивање на фитопатогените габи
но истовремено и стимулативно делува на подобрување на природниот механизам за
одбрана на растенијата.
Cymoxanil е активна материја од групата карбамиди (уреа) која делува преку спречување на спорулацијата, односно спречување на формирање на спори. Cymoxanil е контактен и локално системичен фунгицид. Делува превентивно и куративно.
Folpet е активна материја од хемиската група на фталимиди, што ја спречува нормалната клеточна поделба со тоа што инхибира повеќе ензими и доведува до нарушување
во метаболизмот на јаглени хидрати, аминокиселини и фосфор.
Благодарение на долготрајноста на дејството, KATANGA TRIPLO може да се употреби
во одредени периоди кај виновата лоза. Првото третирање треба да се изврши при
појава на поволни услови за развој на болеста.Производот има и куративно дејство
и е во состојба да спречи активна инфекција, доколку се нанесе во рок од 2-3 дена од
почетокот на дождот.
ПРИМЕНА
Култура | Биолошки проблем | Доза | Време на примена |
Винова лоза |
Пламеница (Plasmopara viticola) |
3 kg/ha |
За трпезното грозје третирањата треба да се извршат пред почетокот на цветање. Последен третман е дозволен на крајот на цветањето. |
КАРЕНЦА
28 дена
ПРОИЗВОДИТЕЛ
PROPLAN (CIECH)