ПРИМЕНА
DELTASECT е инсектицид за сузбивање на летечки и ползечки инсекти, делува контактно и желудочно.
DELTASECT ги сузбива летечките инсекти (муви, комарци, оси, итн.) и ползечки инсекти (лебарки, пајаци, шкорпии, болви, мравки итн.) во затворени простори: куќи, апартмани, центри, кина, хотели, ресторани, кафулиња, кантини, болници, превозни средства (бродови, возови, авиони) и индустриски објекти, простори за одгледување и чување на животни).
Да не се применува во близина на храна, ниту во подрачја кои доаѓаат во контакт со храна. Да не се применува во близина на домашни миленичиња. да не се применува на отпад од растително и животинско потекло.
ДОЗИРАЊЕ
- летечки инсекти: 40 mL/5 L вода (доза за 100 m2)
- ползечки инсекти: 50 – 60 mL/5 L вода (доза за 100 m2) да се примени со прскалки по површините, аглите и рабовите, како и по останатите места каде инсектите може да се скријат. спрејот може да се напрска по ѕидовите и подовите во доза од 1 L на секои 20 m2 да се започне со прскањето веднаш по појавата на инсектите. третирањето да се повтори после 21 ден од првото прскање.