- 02 279 6881
- info@agrojunikom.com.mk
- Пон - Пет: 7:00 - 15:00
Оваа политика на приватност дава општи информации за обработката на лични податоци кога ја посетувате нашата интернет страна и/или користите некоја од нашите административни услуги преку истата. Ги собираме само оние лични податоци кои се неопходни да ги оствариме нашите законски задачи и овластувања.
Контролор на збирки на лични податоци
Контролор на личните податоци е Агро Јуником ДООЕЛ увоз-извоз Скопје (во натамошниот текст: Агро Јуником), со седиште на бул. Борис Трајковски 302, Скопје, Република Северна Македонија.
АГРО ЈУНИКОМ е компанија специјализирана за увоз и дистрибуција на производи за земјоделска употреба, како: производи за заштита и исхрана на растенијата, семенски материјал, систем за наводнување како и широк спектар на останати репроматеријали.
Личните податоци се обработуваат во согласност со одредбите од Законот за заштита на лични податоци.
Чии податоци собираме
Можеме да собираме податоци поврзани со следниве категории на лица:
Категории на податоци кои се обработуваат
При посетата на нашата интернет страна серверот, за секој посетител се креираат логови со следниве податоци:
Серверските логови автоматски се бришат во рок од 15 дена, освен доколку околностите налагаат подолго задржување, на пример, за да се истражи вирус или злонамерен напад.
Одржувањето на серверите и сите активности на веб страната се спроведуваат од трети лица, компанијата ОПТИМУМ КРЕАТИВ СОЛУШНС, најмена од страна на АГРО ЈУНИКОМ, вклучувајќи ги логовите кои се креираат и анализирањето на податоците кои се пренесуваат од посетите на нашата веб- страна.
Лични податоци кои ги прибираме од Вашата посета на нашата веб- страна, се оние кои Вие доброволно ги доставувате за конкретни цели, како би ни овозможиле да ги оствариме нашите овластувања за консултација, како што се поставување на прашања и/или мислења за различни прашања од областа на примарната дејност на АГРО ЈУНИКОМ.
Може да собереме некој од следниве категории на лични податоци: име и презиме, адреса, контакт телефон, факс, email.
Како ги собираме личните податоци
Личните податоци ги собираме преку различни канали, вклучувајќи:
Категориите на корисници на лични податоци
Активностите на обработка на лични податоци поврзани со on-line услугите достапни преку интернет страната на АГРО ЈУНИКОМ, се извршуваат од страна на вработените одговорни за овие услуги или лицата задолжени за извршување на предметните активности.
Не споделуваме податоци за Вас и/или за Вашата посета на нашата веб страна, на трети лица, освен во следните случаи:
Време на чување на собраните податоци
Податоците кои ги собираме се чуваат во согласност со закон и периодот потребен за постигнување на целта на обработката и се утврдени (прегледот) со рокови на чување на личните податоци на ОПТИМУМ КРЕАТИВ СОЛУШНС.
Кои се Вашите права?
Вашите права во однос на обработката на лични податоци се:
За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, можете да го контактирате нашиот офицер за заштита на лични податоци Кристијан Стојоски на следниов e-mail: k.stojoski@agrojunikom.com.mk.
Право на поднесување на барање до АЗЛП
Ако сметате дека начинот на кој АГРО ЈУНИКОМ ги обработува Вашите лични податоци ги повредува одредбите на Законот за заштита на личните податоци, можете да поднесете барање до АЗЛП како надзорно тело, по која ќе се постапува на ист начин како и секое друго поднесено барање, согласно член 97 од Законот за заштита на личните податоци.
Барањето може да се поднесе преку веб страната на АЗЛП: www.dzlp.mk
Промена на политиката за приватност
Политиката за приватност редовно ќе се менува и дополнува соодветно на настанатите промени и нашите активности.