Активна материја: Cyazofamid 100 g/L
Формулација: Концентрат за суспензија SC
Пакување: 1 L
Карактеристики: Фунгицид со превентивно и куративно делување кое обезбедува долготрајна заштита на одгледуваните култури.
BRIONFLO 100 SC поседува контактно делување со ограничена трансламинарна активност. Формулација отпорна на промивање од врнежи, само два часа по третирањето. Широк спектар на делување т.е. пламеници во голем број на култури: винова лоза, домат, компир, модар патлиџан, краставица, тиквица, диња, бостан, пипер и други култури каде што пламениците се економски значајни причинители.
Примена:
Лоза (трпезни и вински сорти) – за заштита oд пламеница Plasmopara viticola
Домат, Компир – за заштита oд пламеница Phytophthora infestans
Доза по хектар: 0,8 – 1,1 L/ha.
Каренца: 3 дена – домат; 7 дена – компир; 21 ден – винова лоза;
Производител: EURO TSA
