КАРАКТЕРИСТИКИ
BRODITOP PELETI, готови за примена родентицидни гранулирани пелетки.
родентицидниот ефект се манифестира по неколку дена од еднократната, поединечна
доза. доволен е само еден третман за постигнување на бараниот ефект.
ПРИМЕНА
Се користи како родентицид во комуналната и јавна хигиена, во градинарство и на
фарми како и во домаќинства, (визби, плевни, тавани, остави, магацини и други простории) за употреба на отворено и во затворен простор.
BRODITOP PELETI готови за примена родентицид во гранулирани мамки, може да се
применуваат за сузбивање на штетните глодари од сите видови големини како што се:
црн стаорец (Rattus rattus), сив (норвешки) стаорец (Rattus norvegicus), домашен глушец
(Mus muscules), полски глушец (Apodemus agraius) и др.
Ставете BRODITOP PELETI на места каде е забележана појава на глодари:
- стаорци: 50-100 gr мамки на растојание од 5-10 метри.
- глувци: 20-30 gr мамки на растојание од 2-5 метри.
Мамците се ставаат сè додека се приметуваат знаци за нивна штетна активност и се применуваат само на оние површини каде домашните животни и живина немаат пристап.