Активна материја: Hexytiazox 31,2g/L + Fenpyroximate 62,4g/L
Формулација: Концентрат за суспензија (SC)
Пакување: 1 L, 100 mL
Карактеристики: Нов, иновативен, комбиниран акарицид со две активни материи кои се надополнуваат една со друга. Делува контактно и желудечно, овозможува брза и долга контрола на пајачиња во овошни култури, винова лоза и градинарство. Ефикасно ги контролира сите развојни стадиуми на пајаците. Моментален нокдаун ефект но и продолжено дејство. Нема вкрстена резистентност со други групи акарициди. Брзо се апсорбира во растението, и дејствува трансламинарно.
Примена:
- Портокали, лимони, мандарини – против црвен овошен пајак Panonychus citri во период од почеток на појава на штетници, или од полно цветање до почеток на зреење на овошјето.
- Јаболко – против црвен овошен пајак Panonychus ulmi во период од почеток на појава на штетници, или од полно цветање до почеток на зреење на овошјето.
- Вински и трпезни сорти грозје – против копривно пајаче Tetranychus urticae во период од почеток на појава на штетници, или од полно цветање до почеток на зреење на овошјето.
- Домати, модар патлиџан – против копривно пајаче Tetranychus urticae во период од почеток на појава на штетници, или од стадиумот на 4-ти вистински лист до зреење на плодовите.
Доза по хектар: 1,2 L/ha
Каренца: 7 дена – домат, м. патлиџан; 14 дена – цитруси; 28 дена – јаболчесто овошје, винова лоза;
Производител: NIPPON, NISSO
