КАРАКТЕРИСТИКИ
DICARSOL 500 SP е исектицид-акарицид со контактно и дигестивно дејство. Активната
материја Formetanate спаѓа во групата на карбамати, препознатлива по својот широк
спектар на дејство, особено при сузбивање на штетници кои имаат устен апарат за
шмукање (трипси, цикади, лисни минери, пајачиња). Dicarsol 500 SP има уникатен,
двоен начин на делување. Првиот е со инхибирање на холиестеразата, што предизвикува труење на централниот нервен систем-карбаматна активност. А вториот начин е со
инхибирање на ензимот на моноамино оксидазата, при што се распаѓаат норепинефринските и серотонинските неуротрансмитери, се попречува активноста на инсектите и
умираат – формамидна активност.
ПРИМЕНА
Култура | Штетници | Доза | Време на примена |
Краставица | Тутунов трипс
(Thrips tabaci), Трипс (Thrips spp.), Калифорниски трипс (Frankliniella occidentalis) |
100 gr/dek | Се применува кога се јавуваат 2 подвижни форми (ларва, имаго) на
цветот, а по потреба се повторува после 7-15 дена. |
Домат, Модар Патлиџан | 120 gr/dek | ||
Пиперка | 100 gr/dek | ||
Лубеница, Диња, Тиква | 100 gr/dek | ||
Јагода | 100 gr/dek | ||
Украсни Растенија | 100-200 gr/dek | ||
Винова лоза, Праска, Нектарина, Кајсија | Трипс (Frankliniella occidentalis, Thrips spp.) | 100 gr/dek | Се применува на почеток на цветање кај винова лоза, а во фаза на прецветување кај праска, нектарина и кајсија. |
КАРЕНЦА
Краставица, лубеница, диња и тиква – 7 дена. Домат, модар патлиџан, пиперка и јагода
– 14 дена. Винова лоза, праска, нектарина и кајсија – обезбедена со време на примена.
ПРИЗВОДИТЕЛ
GOWAN