Активна материја: Glyphosate 480g/L
Формулација: Концентриран раствор SL
Пакување: 1 L
Карактеристики: Најмоќен хербицид од добро позната група на ТОТАЛНИ хербициди Глифосати, кој има повисока концентрација во однос на стандардните Глифосат формули, што овозможува постигнување подобри ефекти за пократок временски интервал.
Неселективен, системичен хербицид наменет за сузбивање на едногодишни и повеќегодишни класести и широколисни плевели и плевели со длабоки корени и ризоми.
Се апсорбира преку зелените делови и се транслоцира до кореновиот систем. Затоа е потребно при третирањето на плевелите да се во фаза на интензивен пораст, односно да имаат добро формирана лисна маса.
Примена: Се применува во стрништа, необработливи површини, канали, ровови, железнички пруги, пасишта, пред поѓумување, луцерка по откос против свиларка Cuscuta sp., винова лоза постари насади од 3 години, овошки, житарици 2 недели пред жетва, пченка сончоглед, репа, соја за десикација.
За сузбивање на пиреј Agropyrum repens, коштан Sorghum halepense, трска Phragmites australis, најголема ефикасност се постигнува наесен во време кога движењето на хранливите материи кон ризмоите е најинтензивно. Најоптимален период на употреба против видовите на повивки Convolvulus sp., е за време на цветањето, против паламида Cirsium arvense е во фаза на розета.
Најефикасно делува на температури помеѓу 15-250C и при висока влажност на воздухот. За ефикасно делување на препаратот неопходно е во период од најмалку 6 часа да нема врнеѓи за да се овозможи целосно да се апсорбира во плевелот.
Препаратот не е слективен и не смее да се нанесува на култивирани растенија кое се се одгледуваат.
Доза по хектар: 1,5-5 L/ha
Каренца: 10 дена – сончоглед (доза 1,5L/ha), соја (доза 2,25L/ha), репка. 14 дена – сончоглед (доза 3,75L/ha), пченка, соја (доза 3,75L/ha), озима пченица, озимен и пролетен јачмен.
Производител: Albaugh
