Слободни Амино киселини 12% + N 2%
Пакување: 1 L
Карактеристики: Биостимулатор на база на аминокиселини од растително потекло.
Ефикасно средство за опоравување на растенијата после претрпен стрес (ниски температури, недостаток на вода, топлина, оштетување од инсекти или причинители на болести и после примена на пестициди). Во вегетативен раст го стимулира растот и форсира создавањето на биомаса. Помага во оплодување и при формирање на плодови. Стимулира создавање на природни растителни хормони – ауксини. Позитивно влијае на усвојување на микро елементи.
Примена: Градинарски култури по пресадување. Овошни култури. Десертно грозје, винско грозје. Јагода. Житарици. Луцерка. Ориз. Цвекло, компир. Украсни растенија.
Доза по хектар: 2-3 L/ha
Каренца: Нема каренца – овошки, винова лоза, градинарски култури, поледелски култури
Производител: SUMI AGRO
