МЕХАНИЗАМ НА ДЕЈСТВО
синтетски ауксин (регулатор на раст или хормонски хербицид) кој го намалува
дејството на индолоцетната киселина. Предизвикува ненормален раст, деформации и
девијации на растителните органи.
КАРАКТЕРИСТИКИ
DESORMONE 600 SL е селективен хормонален хербицид кој се усвојува првенствено преку листот и се движи нагоре и надоле во растението. се акумулира во меристемските делови на изданокот и коренот. ниска концентрација доведува до неконтролирана делба на клетките што влијае на пропаѓање на спроводните ткива, додека висока концентрација инхибира делба на клетките.
ПРИМЕНА
Култура | Доза | Време на примена |
Озими стрнишни жита (мека и тврда пченица, јачмен, ’рж и тритикале) |
1 0-1 2 L/ha | Од средината на братење до почеток на вретенисување |
Пролетни стрнишни жита (пролетна пченица и јачмен) |
0,7 L/ha | Од средина на братење до почеток на вретенисување |
Пченка | 1 0-1 2 L/ha | кога пченката има развиено 2 – 6 листа |
сирак, просо | 1 2 L/ha | кога културата има помеѓу 2 – 6 листа |
Праска, кајсија и слива | 1 6 L/ha | рано на пролет пред цветање или касно на есен (растенијата треба да се постари од 4 години) |
СПЕКТАР НА ДЕЛУВАЊЕ
Добро сузбива:
Sinapis arvensis (полски синап), Raphanus raphanistrum (дива репица), Papaver Rhoeas
(нивска булка), Capsella bursa-pastoris (обична овчарска торбичка), Thlaspi arvense
(полска попова лажичка), Senecio vulgaris (обичен крстенец), Stellaria media (обична
ѕвездарка), Chenopoduim album (бела дива лобода), Atriplex patula (лобода разгранета),
Amarantus sp. (штир), Galinsoga parviflora (ситноцветна галинсога), Ambrosia elatior
(пелинолисна амброзија), Sonchus arvensis (полски млечен осот), Cirsium arvense (нивска
паламида), Lepidium draba (обична добрејка)
Делумно ги сузбива:
Polygonum convolvulus (нивска повивка), Polygonum aviculare (птичја подворка),
Convolvulus arvensis (полски слачец), Rumex crispus (кадрав штавеј)
КАРЕНЦА
за озимите стрнишни жита, како и за пченката, сиракот, просото и муарот каренцата
е 90 дена. за пролетни стрнишни жита: пченица 90 дена и јачмен 60 дена. за лаванда
и лавандин е 52 дена. кај коскестите овошја е 30 дена
ПРОИЗВОДИТЕЛ
NUFARM