КАРАКТЕРИСТИКИ
SYLLIT 400 SC е превентивен – куративен контактен фунгицид, единствен од групата
гуанидини. Неговата хемиска структура е слична на структурата на фосфолипидите кои
ја сочинуваат цитоплазмата на габите, поради што Syllit 400 SC лесно се интегрира во
габичната мембрана, а со тоа се губи кохезијата што доведува до изумирање на габата.
Во спорите пак, Syllit 400 SC се меша во надворешната мембрана, што предизвикува
нивна дехидратација и изумирање. Syllit 400 SC ги штити сите осетливи делови на
дрвото: листовите, стеблото и плодот. Се апсорбира многу брзо благодарение на неговиот висок капацитет на навлегување во растителното ткиво и распространување низ
растението со трансламинарен ефект. Може да се применува при ниски температури и
на влажна лисна маса. Тој има куративно дејство од 48 часа после обилни врнежи кои
се најчести причинители на инфекција.
ПРИМЕНА
Култура | Биолошки проблем | Доза | Време на примена |
Јаболчесто овошје |
Чадлива краставост (Venturia inaquales, Venturia pirina) |
1,7-2,25 L/ha |
Започнувајќи во период на зелен врв и продолжувајќи во текот на вегетација. |
Коскесто овошје |
Сипаница (Blumeriella jaapii), Сачменка (Coccomyces hiemalis), Кадравост (Taphrina deformans), Монилија (Monillia spp.) |
1,7-2,25 L/ha |
Во фаза на розе папка и на есен по опаѓање на листовите. |
КАРЕНЦА
Јаболчесто овошје – 60 дена. Коскесто овошје – 75 дена. Украсни растенија – 7 дена.
ПРОИЗВОДИТЕЛ
UPL (ex Arysta)