TATOR EC БИОЦИД ИНСЕКТИЦИД СО ШИРОКО И ДОЛГОТРАЈНО ДЕЈСТВО ПРОТИВ ЛЕТАЧКИ И ЛАЗЕЧКИ ИНСЕКТИ
CYPERMETHRIN 10% + TETRAMETHRIN 2% + PBO 15%
КАРАКТЕРИСТИКИ: TATOR е инсектицид во формулација: концентрирана емулзија, кој се разредува во вода пред употреба. Формулиран е без ароматски, изопарафински или хлорирани растворувачи. TATOR има високо резидуално дејство благодарение на Циперметрин и knock-down ефект благодарение на Тетраметрин во комбинација со синергист пиперонил бутоксид. Ефикасен е против сите видови летачки и ползечки инсекти. TATOR не мириса лошо и не остава флеки на третираните површини.
ПРОИЗВОДОТ МОЖЕ ДА СЕ КОРИСТИ: во домашни, цивилни, индустриски и зоо-технички објекти како што се куќи, магацини, училишта, болници, кина, продавници, бараки, хотели, ресторани, кантини, транспортни средства, рурални локации, шупи, засолништа за животни, фарми, депонии, складишта за отпад, зелени површини како што се патеки со дрвја, жива ограда, тревници и украсни грмушки.
Во затворени простории: против вообичаени инсекти како што се лебарки, муви, мравки, пајаци, скорпии, молци итн..
На отворено: против оние инсекти кои напаѓаат одредени области како што се: муви во близина на фарми и депонии; крлежи во близина на фарми; комарци, азиски тигрести комарци, песочни муви, оси, мушички, симулиди кои напаѓаат станбени и туристички места, приморски одморалишта, кампови, зелени површини итн.
Зелени површини: за контрола на комарците кои обично ги напаѓаат парковите, градините, тревниците, украсните грмушки итн. ТАТОР е исто така погоден за решавање на привремени наезди на болви, бубачки, оси итн.
УПАТСТВО И ДОЗИРАЊЕ
Препорачана доза:
Против муви и други летечки инсекти разредете 100/200 mL од производот во 10 L вода
Против сите видови на комарци разредете 50/100 mL од производот во 10 L вода
Против сите видови инсекти кои лазат разредете 200/300 mL од производот во 10 L вода
ПАКУВАЊЕ: 100 ml
ПРОИЗВОДИТЕЛ: ZAPI



