КАРАКТЕРИСТИКИ
DIZIRAM 76 WG е несистемичен фунгицид од групата на дитиокарбамати. Го инхибира
процесот на дишење на фитопатогената габа делувајќи истовремено на неколку места
во нејзините клетки со што не постои ризик од развивање резистентност кон оваа активна материја. Многу е важно да се користи превентивно и на тој начин да се спречи
развојот на инфекцијата.
Препораки: Не е препорачано мешање со препарати на база на Бакар, Бордовска чорба,
EC формулации и инсектициди со кисела реакција (Dimethoate). Појавата на кадравост на листовите на праската може да биде ефикасно спречена само со превентивни
третмани при поволни услови за инфекција. За успешна превентивна заштита, се препорачува третирање со DIZIRAM 76 WG во фенофаза бабрење на папките. Во услови
на ладна пролет и побавна вегетација, третманот треба да се повтори. Квалитетот на
апликацијата на препаратот е исто така многу важен, се препорачува т.н. „бањање“ на
растенијата со потрошувачка на вода од 1000 L/ha. Ако се меша спротивно на упатството, може да биде фитотоксичен за култури чувствителни на цинк (тутун и сорти
од фамилијата Cucurbitaceae).
ПРИМЕНА
Култура | Биолошки проблем | Доза по хектар |
Време на примена |
Коскесто овошје |
Рак (Fusiococcum amygdale), Сачменка (Wilsonomyces carpophylus), Монилија (Monilia laxa, M. frutigena) Кадравост (Tophrina pruni, T.wiesner и T. Deformans) |
2 kg/ha |
Третирање во фаза на мирување па се до почеток на бабрење на папките. Да се аплицира до крајот на цветање кај кајсија и праска. |
Јаболко и круша |
Краставост (Venturia inaequalis и Venturia pirina), Кафеава дамкавост (Stemphylium vesicariam) |
3 kg/ha |
Третирање од фаза на бабрење на папките. Да се аплицира до крајот на цветање кај јаболко. |
КАРЕНЦА
Слива, цреша и вишна – 21 ден. Кајсија – 42 дена. Круша – 60 дена. Бадем – 150 дена.
Јаболко и праска – обезбедена со време на примена.
ПРОИЗВОДИТЕЛ
TAMINCO