КАРАКТЕРИСТИКИ
ARMETIL C е фунгицид со двоен механизам на дејство, високо ефикасен во сузбивање
на голем број на предизвикувачи на габични заболувања. Составен е од две активни
материи: Metalaxyl – активна материја од хемиската група ацилаланини, која по апликацијата веднаш се апсорбира во зелените делови на растението. Има извонредни
трансламинарни својства, и преку ксилемот на растението брзо се транспортира се до
врвовите на новото израснато растително ткиво, со што растението е целосно заштитена од инфекција. Механизмот на дејствување се заснова на инхибиција на синтезата
на протеини во габата со што се нарушуваат метаболичките процеси и габата изумира. Copper Oxychloride (Бакар оксихлорид) – бакарно неорганско соединение, чијашто
ефикасност се должи на активноста на Cu2+ катјонот. По третирањето, се ослободува
Cu2+ кој продира во клеточните спори на патогената габа и ги инхибира ензимските
процеси., со што се оневозможува развој на инфекција.
ПРИМЕНА
Култура | Биолошки проблем | Доза | Време на примена |
Винова лоза | Пламеница (Plasmopara viticola), Црно гниење (Guignardia bidwellii) |
2,5 kg/ha |
Во период на раст на ластари 20-30 cm и продолжувајќи до фаза после цветање. |
Зелка, брокула, карфиол |
Пламеница (Peronospora parasitica) | kg/ha 2,5 | Во период на интензивен раст. |
Компир | Пламеница (Phytophtora infestans) Алтернариа (Alternaria solani) |
2,5 kg/ha |
Во период на интензивен раст. |
КАРЕНЦА
Винова лоза – обезбедено со време на примена. Останати култури – 21 ден
ПРОИЗВОДИТЕЛ
IQV