КАРАКТЕРИСТИКИ
PYRUS 400 SC е протективен и силно куративен фунгицид-ботрицид главно наменет за
сузбивање на причинителот на сивото гниење кај винова лоза и градинарски култури,
како и за сузбивање на причинителот на краставост кај јаболчесто овошје. Тој е единствениот фолијарен фунгицид кој делува против ензимот Laccase кој може да предизвика намалување на аромата, промена на бојата и лош мирис на виното. Pyrimethanil
како активна материја делува на тој начин што ја спречува синтезата на methionine и
со тоа го спречува излачувањето на габичните секрети во облик на ензими, кои пак ги
разложуваат клеточните ѕидови на растителните клетки. Против краставоста, Venturia
inaequalis, делува така што ја спречува спорулацијата на аксоспорите и развојот на хифите. Низ растението се пренесува брзо и трансламинарно, брзо продира низ листовите
и целосно се апсорбира по 2 часа од третманот. PYRUS 400 SC е единствениот фунгицид
кој одлично делува и на ниски температури, над 5°C.
ПРИМЕНА
Култура Биолошки проблем Доза Време на примена
Винова лоза Сиво гниење (Botrytis cinerea) 2-2,5 L/ha
Третирање од фаза прецветување па се до почеток на прошарок.
Јаболчесто овошје
Краставост (Venturia inequalis, V.pyrina), Сиво гниење (Botryotiniafuckaliana), Монилија (Monilia
fructigena) 1L/ha
Третирање од розе папка па се до почеток на зреење.
Јагодесто овошје Сиво гниење (Botrytis cinerea) 1,5-2 L/ha
Третирање од почеток до крај на цветање.
Коскесто овошје Сиво гниење (Botrytis cinerea), монилија (Monilia laxa)1L/ha
Третирање превентивно, пред создавање на услови на зараза.
Градинарски култури Сиво гниење (Botrytis cinerea) 1,5-2 L/ha
Третирање превентивно, пред создавање на услови на зараза.
Грав, грашок, грашок за конзервирање, пролетен фуражен грашок и зимски фуражен грашок
Сиво гниење (Botrytis cinerea), Антракноза (Colletotrichum pisi)1,5L/ha
Третирање превентивно, пред создавање на услови на зараза.
КАРЕНЦА
Винова лоза и марула – 21 ден. Јаболчесто овошје – 56 дена. Домат и јагоди – 3 дена. Грав,
грашок и грашок за конзервирање – 14 дена. Зимски и пролетен фуражен грашок – 28 дена
ПРОИЗВОДИТЕЛ
UPL (ex Arysta)