КАРАКТЕРИСТИКИ
ORTHOCID 80 WDG е фунгицид со широк спектар на делување и се користи за сузбивање на причинители на габични заболувања кај многу култури. Активната материја
реагира со слободните амино и хидроксилни групи ензими на габата, што пак резултира
со инхибиција на дишењето и други метаболички процеси. Овој процес го спречува
’ртењето на спорите и дишењето. Делува истовремено на неколку места во клетките на
габата поради што не постои ризик од развивање резистентност кон оваа активна материја. Се користи за подобрување на обоеноста на плодовите и спречување на складишни
болести. Посебно е погоден за санирање на последици од град кај плодовите и нивно
залечување. Препораки: Не е препорачано мешање со Бордовска чорба, EC формулации,
инсектициди со кисела реакција (Dimethoate) и со сулфур во фенофаза прецветување.
Кај некои сорти јаболко може да се јави блага фитотоксичност, т.н. Captan пеѓи, ако се
применува во фаза на прецветување и врзување на плод, а особено ако е комбиниран со
препарати на база на сулфур. Не треба да се користи во насади на јаболко сорта Црвен
Делишес и круша Анжуј, поради појава на фитотоксичност.
ПРИМЕНА
Култура | Биолошки проблем | Доза по хектар |
Време на примена |
Јаболчесто овошје |
Краставост (Venturia Inequalis), Монилија (Monilia), Складишни болести (Gleosporium) |
1,25-2 kg/ha |
Превентивно третирање, пред создавање на услови за зараза. |
Коскесто овошје |
Кадравост (Taphrina Deformans), Монилија (Monilia), Сачменка (Stygmina Carpophila) |
1,25-2 kg/ha |
Превентивно третирање, пред создавање на услови за зараза. |
Домат | Пламеница (Phytophtora Infestans), Дамкавост (Alternaria), Сиво гниење (Botrytis Cinerea) |
1,25-1,6 kg/ha |
Превентивно третирање, пред создавање на услови за зараза. |
КАРЕНЦА
Јаболчесто овошје – 10 дена. Коскесто овошје – 10 дена. Домат – 7 дена.
ПРОИЗВОДИТЕЛ
UPL (ex Arysta)