КАРАКТЕРИСТИКИ
ARMETIL COMBI е фунгицид со двоен механизам на дејство, високо ефикасен во сузбивање на голем број на предизвикувачи на габични заболувања. Составен е од две
активни материи: Metalaxyl – активна материја од хемиската група ацилаланини, која по
апликацијата веднаш се апсорбира во зелените делови на растението. Има извонредни
трансламинарни својства, и преку ксилемот на растението брзо се транспортира се до
врвовите на новото израснато растително ткиво, со што растението е целосно заштитено од инфекција. Механизмот на дејство се заснова на инхибиција на синтезата на
протеини во габата со што се нарушуваат метаболичките процеси и габата изумира.
Folpet – активна материја од хемиската група на фталимиди, што ја спречува нормалната
клеточна поделба со тоа што инхибира повеќе ензими и доведува до нарушување во
метаболизмот на јаглени хидрати, аминокиселини и фосфор.
ПРИМЕНА
Култура | Биолошки проблем | Доза | Време на примена |
Винова лоза |
Пламеница (Plasmopara viticola), Црно гниење (Guignardia bidwellii) |
2 kg/ha |
Во период на раст на ластари 20-30 cm и продолжувајќи до фаза после цветање. |
КАРЕНЦА
Винова лоза – обезбедено со време на примена. Останати култури – 21 ден
ПРОИЗВОДИТЕЛ
IQV