КАРАКТЕРИСТИКИ
PROPLANT e трансламинарен системичен фунгицид кој се користи превентивно за
сузбивање на голем број причинители на болести во градинарството и кај украсните
растенија. Ја зголемува отпорноста на растенијата и се поттикнува растот. Го подобрува
вкоренувањето.
Propamocarb како активна материја брзо се апсорбира преку коренот и лисјата на
растението и се транспортира акропетално. Има повеќекратен инхибитивен ефект: го
инхибира растот на мицелиумот, ги инхибира спорулацијата и ’ртењето на зооспорите
и го попречува формирањето на клеточната мембрана. Сузбива голем број на патогени (Pythium, Phytophthora, Aphanomyces, Bremia, Peronospora, Pseudoperonospora spp.), а
може да се примени преку нанесување на компостот, преку систем капка по капка, со
залевање или со потопување.
ПРИМЕНА
Култура | Биолошки проблем | Доза | Време на примена |
Домат, модар патлиџан, пиперка |
Пламеница (Phytophtora spp.), Полегнување на расад (Pythium spp.) |
20-25 ml/10 lit/5-6 m2 |
Со залевање на расадот после никнење, но и при пресадување. |
Краставица, тиквица, диња |
Полегнување на расад (Pythium spp.), Пламеница (Peronospora spp.) |
||
Зелка | Пламеница (Peronospora spp.) | ||
Марула | Пламеница (Bremia lactucae) | ||
Тутун | Полегнување на расад (Pythium spp.) | ||
Цвеќиња | Пламеница (Phytophtora spp.), Полегнување на расад (Pythium spp.) |
КАРЕНЦА
Домат, модар патлиџан, пиперка, краставица, тиквица и диња – 3 дена. Марула (на
отворено) – 7 дена. Марула (на затворено) – 14 дена. Останати култури – обезбедена со
време на примена.
ПРОИЗВОДИТЕЛ
UPL (ex Arysta)